Со концерт на големата македонска музичка ѕвезда, Владо Јаневски ќе биде заокружено годинешното чествување на заштитникот на лозарите и овоштарите, Свети Трифун, кое годинава ќе донесе неколку интересни настани.

 

 


Чествувањето ќе започне во 11 часот и 40 минути со културно уметничка програма на градскиот плоштад, како увертира во традиционалното закројување на виновата лоза кое е предвидено за во 12 часот. Од 12 часот и 30 минути до 15 часот свој настап ќе имаат фолклорни состави и чалгии.

 

Вечерната програма започнува во 20 часот и 30 минути со настап на кавадаречки бендови, додека пак почетокот на концертот на Владо Јаневски е закажан за во 21 часот и 45 минути. Вечерта ќе ја затворат кавадаречките диџеи со свој сетови.

 

Од кабинетот на градоначалникот Јанчев информираат дека целиот плоштад ќе биде уреден во духот на празникот Св.Трифун, на кој ќе бидат поставени штандови со традиционална храна, вино, маџун и производи од грозје.

Leave a comment