По иницијатива на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев во соработка со секторот за Локален економски развој и раководителот Тодор Ефремов, од денес започнува имплементацијата на проектот за активно потполнување на времето со квалитетни содржини на децата со аутизам.

 

 

„Општина Кавадарци на чело со Градоначалник Митко Јанчев, од самиот почеток на неговиот мандат се стреми кон транспарентно работење и поголемо доближување до секојдневните проблеми на граѓаните. Во нашето општество за жал луѓето многу ретко зборуваат отворено за проблемите со кои се соочуваат. Секторот за Локален економски развој и раководителот на секторот Тодор Ефремов заедно со Градоначалникот Митко Јанчев се погрижија да создадат активности за деца со аутизам и нивното време да биде квалитетно потполнето“ - се вели во соопштението добиено од кабинетот на градоначалникот Јанчев.

 

Според предвиденото, децата два пати неделно ќе имаат спортски активности два пати неделно со професор по физичко образование, по програма прилагодена за нивните потреби, а еднаш неделно ќе го посетуваат ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ каде што ќе се запознаат со сите музички инструменти.

 

„Ова е само почеток на програмата за социјална заштита. Со овие мали чекори се надеваме дека ќе ја поттикнеме свеста кај граѓаните за целосно прифаќање на овие деца и да создадеме едно поинакво гледиште за ваквите активности. Во исто време сакаме да ги охрабриме сите родители на деца со аутизам отворено да разговараат и да се вклучат во овие активности“ - се потенцира во продолжение од соопштението.

Leave a comment