Овој четврток, 18.01.2018, започнува проектот "Кав'даречки Рок Четврток" во Централ!

 


Во живо во четврток, локалниот бенд Лексикон. Бендот го сочинуваат: Анета Мишева, Дејан Митрев, Виктор Кимов и Оливер Миленковски.

 

Лексикон е бенд кој постои веќе 2 години. Работат на авторска музика од самиот почеток (формирање на бендот). 

Тие, претходната недела ја објавија својата прва песна „Така ли се чувствуваш“ која може да ја слушнете на следниот ЛИНК.

 

„Имаме премногу планови за во иднина, најпрво да се издаде уште една скоро готова песна во малку поинаков стил од претходната, а во меѓувреме неуморно се работи и идеите што ги има секој член од бендот се разгледуваат и се бара секаков начин да се преточат во реалност.“ изјави Анета Мишева.

Бидете таму!

Leave a comment