Со двата традиционални новогодишни концерти на кои ќе настапат сите возрасни групи, балетското студио „Венус“ од Кавадарци ќе го прослави својот голем јубилеј, 25 години успешно постоење.

 


Балетското студио „Венус“ кое повеќе од две децении важи за едно од најдобрите и најмасовните балетски студија во Македонија својата исклучителност ја потврди и годинава со освојувањето на бројни награди од државните и интернационалните фестивали и натпревари, а не и остана ниту должни на кавадаречката публика, за која го подготвија римејкот на култното кабаре „Ден и ноќ“.

 

Двата концерти се најавени за во вторник, 26 декември 2017, со почеток од 18:00 часот и 20:00 часот, а истите ќе се одржат во салата на Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.

Leave a comment