Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ подготвува богата програма која започнува од денес, а ќе заврши на 9 јануари.

 

Фото: Тони Коцев

 

Денес, среда, 20 декември 2017, театарот при Домот на културата ќе гостува во Ресен со претставата “Стјуардеси“, а веќе утре, четврток, 21 декември 2017, со почеток од 19 часот, Новогодишен концерт ќе оддржи основното музичко и балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ од Кавадарци. Настаните за тековната недела завршуваат во петок, 22 декември 2017, во 19 часот, кога ќе биде промовирана книгата хумористични песни и вицови на Ѓорѓи Лазов.

 

Од вторник до четврток, од 26 до 28 декември, театарот при Домот на културата за најмладата публика ќе ја игра Новогодишната музичка детска претстава “Магичната земја Музикалија“, во вторник, на 26 декември 2017 од 18 и 20 часот Балетското студио “Венус“ ќе ги одржи традиционалните Новогодишни концерти, додека пак во четврток, на 28 декември 2017 од 19 часот ќе биде отворена традиционалната Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници Кавадарци.

 

Во петок, на 5 јануари 2018 со почеток од 18 часот ќе се одржи традиционалната манифестација “Дедо цепе бурина“, а во вторник, на 9 јануари 2018 со почеток од 19 часот ќе се одржи традиционалниот Божиќен концерт.

 

 

Leave a comment