Со два настани, Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ ќе го заокружи годинешното издание на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.

 

 

Вечерва, вторник, 12 декември 2017, со почеток од 19 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе биде отворена изложба на дела од повеќе познати кумановски ликовни уметници насловена како “Скици“.

 

Последниот настан за овогодинешното издание на „Кавадаречката културна есен“ е предвиден за во петок, 15 декември 2017, за кога е закажан концертот на Хорови и пејачки друштва, меѓу кои и хоровите “Мирче Ацев“ Скопје, “Вардар“ Скопје и пеачките групи на КУД “Васил Хаџиманов“ Кавадарци и Здружението на пензионери Кавадарци.

 

Почетокот на овој настан кој ќе се оддржи во големата сала при Домот на културата е закажан за во 19 часот.

 

 

Leave a comment