Со бројни театарски претстави и телевизиски проекти во кои секогаш вклучувал и промовирал голем број на млади, од кои голем дел сеуште го носат товарот на кавадаречкото глумиште, Диме Коцевски конечно го започна својот проект кој го подготвува долги години, а кој треба да обезбеди нов бран на енергија, но и долгорочност на кавадаречкиот театар.

 

 

„Ова е моја дамнешна идеја која „зрееше“ долго време, и мислам дека после толку одиграни и режирани претстави и телевизиски проекти, подготвен сум да го пренесам целото знаење и искуство на нови дечки кои ќе се обидам да ги „заразам“ со театарскиот „вирус“ кој го шират „штиците што живот значат“. Факт е дека кавадаречкиот театар старее, факт е дека последните десетина претстави ги играат горе-долу едни исти ликови и голем дел од претставите не можеме да ги поставиме токму поради немањето доволен број на актери, макар и аматери, па јасно е дека ни требаат нови ликови кои ќе бидат спремни да одговорат на потребите на кавадаречкиот театар“ - ни рече меѓу другото Коцевски.

 

Во продолжение Коцевски информира дека пријавувањето е веќе во тек, и истото ќе трае се до 1ви декември, по што се очекуваат и аудициите пред и официјално да започне со работа првотото Детско - Младинско Драмско студио. Пријавувањето за аудициите се врши на телефонот 078 327 033 или на email This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., а сите заинтересирани треба да ги достават следните информации име и презиме, возраст и телефон за контакт.

Leave a comment