Сакајќи да му подарат на својот град модерно и урбано место каде што со задоволство ќе се пие првото утринско кафе, ќе се ужива во омиленото друштвото, ќе се прославуваат успешните зделки, ќе се слават победите, но и ќе биде центар на забавите, македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов заедно со својот постар брат Ѓорѓи, денес и официјално ќе ги пречекаат првите гости во Дистрикт Кафе.

 


„Фудбалската кариера ми овозможи да посетам многу места низ светот, да видам како луѓето уживаат во својот ден, и токму поради тоа решивме со мојот брат Ѓорѓи на нашите сограѓани да им подариме на кавадарчани едно пријатно катче каде што ќе се чуствуваат убаво и пријатно“ - ни рече меѓу другото македонскиот репрезентативец Даниел Мојсов, кој втора сезона по ред го носи дресот на кипарски АЕК Ларнака.

 

Како што веќе најавивме, свеченото отворање на Дистрикт кафе е во вторник 7ми ноември, а официјално започнува со работа од среда, 8ми ноември на добро познатата локација на спојот помеѓу улиците „Шишка“ и „Дисанска“.

Leave a comment