Со ексклузивната концертна турнеа "My Way", познатиот македонски пеач Ѓоко Ѓорчев ќе ги одбележи 25те години поминати на музичката сцена.

 

Придружуван од своите големи пријатели, врвни музичари, меѓу кои Кристина Палија, Ирена Крстевска Стевановска, Трио Џентлмен, Катерина Танева, Влатко Илиевски и Филип Стевановски Бенд, македонскиот Том Џонс ќе не врати низ времето со евергрините „За еден ден молам“, „Последен танц“, „Уна палома бјанка“, но и со големите хитови од светската сцена кои исто така се нераскинлив дел од кариерата на Ѓорчев.

 

Концертната турнеа "My Way" ќе започне во понеделник, 6ти ноември, и тоа токму од Кавадарци, по што ќе продолжи низ останатите градови низ земјата. Концертот ќе се одржи во големата сала при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ со почеток од 20:00 часот, а влезницата чини само 200 денари.

Leave a comment