Синоќа во градската библиотека „Феткин“ беше отворено единаесетото издание на Саемот на книгата, на кое пред кавадаречката публика ќе се претстават седум издавачки куќи кои најавуваат бројни попусти за сите љубители на книгите.

 

 

„Традицијата на организација на Саемот на книгата продолжува и годинава. На годинашниов Саем ќе се претстават дури седум издавачки куќи од Македонија, и тоа издавачките куќи „Три“, „Култура“, „Матица Македонска“, „Антолог“, „Просветно дело“, „Или - Или“ и „Бата Прес““ - ни рече меѓу другото директорката на градската библиотека „Феткин“, Трајанка Атанасова.

 

Свеченото отворање на Саемот кој и годинава е во организација на градската библиотека „Феткин“ беше синоќа, понеделник, 30ти октомври, а Саемот ќе биде отворен до сабота, 4ти ноември, во периодот од 09:00 до 20:00 часот.

 

 

Leave a comment