Една седмица по завршувањето на фестивалот на европски филм, љубителите на филмската уметност од Кавадарци во неделата која ни претстои ќе имаат ексклузивна можност да погледнат дел од најновите остварувања од германската кинематографија.

 


Во рамките на годинашното издание на веќе традиционалниот Фестивал на новиот германски филм кое започнува во вторник, 24 октомври, и ќе трае се до петок, 27 октомври, годинава ќе бидат прикажани шест нови филмови од различни жанрови.

 

Фестивалот започнува во вторник со почеток од 19 часот и 30 минути, и тоа со комедијата „Чик“, во среда во истиот термин е закажана проекцијата на трагикомедијата „Тони Ердман“, додека во четврток во истиот период ќе се прикажува драмата „Херберт“.

 

Фестивалот завршува во петок со проекциите на детските филмови „Авантурата на Нели“ и „На иста висина“ кои ќе се прижауваат од 11 односно од 13 часот, за фестивалот официјално да биде затворен со драмата „24 недели“ чиј почеток е од 19 часот и 30 минути.

 

Сите проекции ќе се одвиваат во големата сала при Домот на култура „Иван Мазов - Климе“.

 

Преземено од www.kavadar4e.com

Leave a comment