Со проекцијата на швајцарскиот филм Темна судбина (Dark Fortune), денес и официјално завршува Фестивалот на Европски филм 2017 кој годинава е дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен“.

 


Фестивалот започна во четврток, 12 октомври, а во изминатите пет дена кавадаречката јавност можеше да ги погледне филмовите Цената кокошка (Kalo Pothi), Авантурата на Нели (Nelly's Adventure) и Фадо (Fado).

 

Проекцијата на филмот Темна судбина (Dark Fortune) е закажана за во 19 часот, а како и за сите претходни, така и за оваа проектицја влезот ќе биде слободен.

Leave a comment