Под насловот „Салон 11 Октомври“, младите уметници од Кавадарци кои во меѓувреме пораснаа во врвни уметници и нивните гости повторно го привлекоа вниманието на кавадаречката јавност која ја исполни Галеријата при кавадаречкиот Музеј.

 


Она што овој пат го привлече вниманието покрај секогаш интересните и вонвременски дела на Горан Боев, Ива Јосифова, Игор Јосифов, Марија Дичова, Трајче Павлов - Тац, редовниот гостин Галапче Галапчев и останатите, беше прилично големиот број на учесници фотографи, меѓу кои имаше и веќе докажани ликовни уметници, како на пример Ристе Јосифов - Ромбо.

 

На изложбата која ќе остане отворена и во наредниот период освен гореспоменатите свои дела имаа и Петaр Петкoв, Јaдрaн Мaнчев, Сузaнa Плaчкoвa, Никoлa Ивaнoски, Симoнa Мaнчевa, Сашко Дете Илов, Цветанка Темкова Илова, Ана Арангелова, Катерина Милошева, Соња Ставрова, Блаже Атанасков, Стефанија Милевска, Гоце Давидов и Сара Милевска.

 

Преземено од www.kavadar4e.com

Leave a comment