Што е рансомвер?

Рансомвер (ransomware) е вид на злонамерен софтвер којшто го спречува или ограничува пристапот на корисниците кон нивните системи, или со заклучување на екранот, или со заклучување на фајловите, се’ додека не се плати откуп. Поновите рансомвери , категоризирани како крипто-рансомвери, шифрираат одредени фајлови на инфицираните системи и ги тераат корисниците да платат откуп преку одредени онлајн начини на плаќање за да го добијаат клучот за дешифрирање.

Нов рансомвер поврзан со NOTPETYA покосува во Русија и Украина

Пред неколку месеци, огромен рансомвер напад познат како NotPetya протатни низ Украина, Русија, и некои мултинационални компании, притоа инфицирајќи илјадници мрежи и предизвикувајќи стотици милиони долари штета. Сега, нова верзија на тој код заклучува стотици машини и ја хендикепира инфраструктурата.