Инфо ден во Прилеп

Денес, на плоштадот во Прилеп се одржа инфо ден каде што беа презентирани секојдневните активности на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар од Прилеп.

Инфо ден за млади во Прилеп

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар од Прилеп организира инфо ден за младите каде што ќе ги претстави своите активности!

Креирајте ја сопствената иднина

На 13 јули во периодот од 12:00 до 15:00 часот, Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА одржа ИНФО ДЕН одржа директни средби со матурантите од гимназијата Мирче Ацев и средното Економско училиште Кузман Јосифоски Питу во Прилеп.

Целта на овој настан беше да се информираат матурантите за сите државни и приватни факултети во Македонија и за тековните стипендии кај нас и во странство. На настанот беа поделени голем број на флаери и промотивни  материјали, преку разговор со матурантите беше забележлив големиот интерес за продолжување на своето образование на факултетите во Македонија.

ИНФО ДЕН во паркот кај судот

На 30 јуни 2010 година во паркот кај судот во Прилеп во периодот од 19:00 – 22:00 h беше организиран ИНФО ДЕН. Целта на организирањето на овој настан беше директно запознавање на младите за услугите кои што ги нуди ИНФО СЕГА  како и информирање за започнувањето со новите бесплатните курсеви по Англиски  и Француски јазик кои ќе ги одржуваат предавачи од Америка и Франција.

 

На настанот беа дистрибуирани промотивни материјали. Присутните имаа можност детално да се информираат и да се запознаат со  тимот од Младинскиот Информативен и Советодавен Центар.