Кој има право на здравствена заштита?

  

Секој државјанин на РМ има право на здравствена заштита без да биде дискриминиран по било кој основ и може да се лекува во државни и приватни здравствени установи, на примарно, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита.

 

Што е примарна здравствена заштита?

Во примарна здравствена заштита се вбројуваат услугите од физијатри, медицински сестри, практиканти и други здравтвени работници кои имаат контакт со пациентот кому му е потребен третман или медицинска помош. Овде се вклучени акутните и хронините болести, превентивната нега и здравтвеното образование.

 

Што е секундарна здравствена заштита?

Услугите овозможени од специјалисти, клиники, локални и општи болници препратени од примарната здравтвена заштита, вклучително амбулантна или интензивна нега, хируршки услуги, физикална терапија, дијагностичка лабораторија итн. Ја претставуваат секундарната здравствена заштита.

 

Што е терцијарна здравствена заштита?

Услугите за терцијарната здравствена заштита ја овозможуваат специјални болници или регионални центри кои се опремени со дијагностичка опрема која не е достапна во локалните болници. Овде вклучуваме центри за траума, центри за третман на изгореници, трансплантација на органи, бременост со висока ризичност, радијација, онкологија итн.

 

Зошто е важен матичниот лекар?

Матичниот лекар е должен да го следи здравјето на осигуреното лице и да му укажува на чекорите кои треба да се преземат во текот на лекувањето.

 

Како се избира матичен лекар?

Изборот на матичен лекар се врши со пополнување на изјава за избор на лекар ИЛ-1 (Пријава за избор – Промена на лекар). Изјавата се пополнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување, заради евиденција.

 

Кои се придобивките на осигурениците при плаќање на здравствените услуги и лекови?

Здравствените осигуреници плаќаат делумно, во износ од најмалку 20 % од цената на здравствената услуга или лекот. Доколку лекот кој е препишан од лекар не е на позитивната листа на лекови, се плаќа целиот износ. Цената за одобрено лекување во странство е 20% од вкупниот износ, а цената за ортопедски и други помагала и санитетски средства е со 50% учество од вкупната цена.

 

Во кои случај има ослободување од плаќање на учество кај матичен лекар?

Покрај при лекарски прегледи кај избраниот матичен лекар, ослободување од плаќање на учество (партиципација) има и

-          при итна медицинска помош на повик;

-          кај деца со посебни потреби;

-        корисници на постојана парична помош, лица сместени во установи за социјална заштита и други семејства, освен за лекови од позитивната листа на лекови и лекување во странство;

-       осигуреници кои платиле износ повисок од 70% од просечната плата во РМ во претходната година, освен за лековите и лекување во странство;

-          лица до 18 години кои имаат потреба од определени ортопедски помагала;

-          лица опфатени со програмите на Владата. 

Регулирано со закон за здравствена заштита во Р. Македонија.

 

Поважни интернет адреси и контакти од државни здравствени установи во Р. Македонија:

-       Министерство за здравство: www.zdravstvo.gov.mk

-       Здравствени домови: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-zdravstveni-domovi

-       Универзитетски клиники: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-univerzitetski-kliniki

-       Клинички болници: www.zdravstvo.gov.mk/turkhan

-       Општи болници: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-opshti-bolnici

-       Специјални болници: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-specijalni-bolnici

-       Заводи: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-zavodi

-       Институти: www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-instituti 

-       Брза помош: 194

 

Поважни приватни здравствени установи:

-       Прва приватна општа болница – Ремедика  www.remedika.com.mk

-       Клиничка болница Аџибадем Систина www.acibademsistina.mk

-       Специјална болница по хируршки болести Филип Втори  www.cardiosurgery.com.mk

-       Поликлиника НЕУРОМЕДИКА  www.neuromedica.com.mk 

-       Европска очна болница www.eeh.mk

 

Каде може да се обратат за помош зависниците од алхохол и дрога?

Во Република Македонија има неколку центри и советувалишта за информирање и лекување на зависници од дрога и алкохол:

-       “Нарконон Балкан” с. Конопиште, Кавадарци www.narcononbalcan.org/home

-       Здружение на клубови на лекувани алкохоличари “Алкомак” – Скопје www.alkomak.mk

-       “Сојуз за превенција од алкохол, никотин и наркоманија” – Битола www.healthgrouper.com/mk/profile/sojuzprevencija 

-  Здружение за рехабилитација, ресоцијализација и превенција од алкохол, дрога, тутун, таблети и друго “ЗДРАВ ЖИВОТ“  –  Скопје www.zdravzivot.org.mk  

 

4.1 Што е ХИВ?

ХИВ претставува кратенка од англискиот поим за вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот. Вирусот го напаѓа имунолошкиот систем кај човекот и неговиот организам не е способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА. Сепак, вирусот може да постои долго време, а лицето да не е заболено од СИДА.

 

Каде се врши тестирање за ХИВ во Македонија?

Тестирање од можна инфекција со вирусот се врши во:

-       Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје www.infektivnaklinika.mk 

-       Републички завод за здравствена заштита РЗЗЗ-Скопје www.unet.com.mk/rzzz/index_m.htm

-       Централна биохемиска лабораторија на Медицинскиот факултет-Скопје www.medf.ukim.edu.mk/tmp_index.php

-       Регионални Заводи за Здравствена Зашитита низ Републиката.

 

4.2 Што е абортус?

Абортус претставува актот на прекинување на бременоста за која слободно одлучува бремената жена. Правото може да се ограничи само заради зашита на здравјето и животот на жената.

 

Кои се условите под кои може да се врши прекинување на бременоста?

Заради заштита на здравјето на бремената жена, абортус може да се изврши до истекувањето на десет недели од денот на зачнувањето, со нејзина писмена согласност. Ако се работи за малолетно лице или жена лишена од деловна способност, прекинувањето на бременоста моѓе да се изврши до истекување на десет недели од денот на зачнување со писмена согласност од родител / старател  на бремената жена. Прекинување на бременоста не може да се изврши пред истекот на десет недели од денот на зачнување ако тоа е штетно за здравјето на жената, и ако не поминала една година од претходно прекинување на бременост.

 

Која е постапката за оддобрување и извршување на абортус?

Постапката за оддобрување и извршување на прекинување на бременоста е утврдена со Закон за прекинување на бременост објавен наследната интернет адреса: www.zdravstvo.gov.mk/zakon-za-prekinuvanje-na-bremenosta

1117 comments

Leave a comment