Кој ги евидентира невработените и вработените лица? 

 

Евиденција за вработените и невработните лица врши Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ). Лицата што не се вработени, потребно е да се евидентираат заради добивање на услугите кои ги нуди Агенцијата.

 

Што е потребно за лице што не е во работен однос да се евидентира во АВРМ? 

Секое невработено лице се воведува во евиденција на центарот за вработување на чие подрачје има постојано место на живеење врз основа на своерачно потпишан образец – Пријава за воведување во регистар. Лицето е потребно да понесе и лична карта и Диплома или свидетелство за завршено образование на увид.

 

Кои се правата и обврските на невработеното лице евидентирано во АВРМ? 

Лицата кои активно бараат работа или остваруваат право на паричен надоместок поребно е да се јавуваат во Агенцијата редовно, на секои 30 дена. Други лица кои се евидентирани како невработени се јавуваат на секои 6 месеци.

Правото на здравствено осигурување, невработеното лице го остварува преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија. 

 

Како да се дојде до информации за вработување? 

За условите и програмите на Агенцијата, граѓаните може да се информираат на интернет страната на АВРМ:  www.avrm.gov.mk.

Огласите за вработување од државниот и приватниот сектор се достапни на следнитеинтернет страни: 

·         www.vrabotuvanje.com.mk 

·         www.najdirabota.mk 

·         www.dobrarabota.mk 

·         www.vraboti.se 

·         www.fakulteti.mk 

·         www.infosega.org.mk 

 

2.1 Претприемништво

 

 

Што претставува претприемништвото?

Претприемништвото претставува процес во кој се задоволуваат незадоволените потреби и проблеми на пазарот преку користење на ресурси од страна на еден претприемач се со цел за остварување на профит.

 

Зошто е важно претприемништвото?

Во наши услови, кога економијата не е во најдобра форма и кога големите претпријатија или веќе не постојат или се разделени на повеќе помали компании во приватна сопственост, претприемништвото и претприемничкото однесување на поединците претставуваат клучен фактор за постигнување на економски развој и благосостојба како и намалување на невработеноста.

 

Повеќе информации за претприемништвото како и следење на можности за обуки и личен развој на следните веб страни: 

Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ)  www.yes.org.mk

Претприемништво е- учење www.pretpriemac.mk

Национален совет за претприемништво и конкурентност www.necc.mk

Сојуз на стопански комори на Македонија www.chamber.mk

Агенција за вработување на Република Македонија www.avrm.gov.mk

Стратегија зa претприемачко учење во Република Македонија 2014-2020 г. на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk

Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија www.apprm.gov.mk  

Министерство за економија www.konkurentnost.mk

 

2.2 Планирање на проекти

 

Што е проект? 

Проект претставува определена задача (која има определени почетни и завршни датуми) која се презема за да се создава уникатен продукт или услуга кој придонесува за позитивна промена или додадена вредност. 

 

Пишување на проекти. 

Јасното и темелно пишување на проекти е од суштинско значење за прибирање на средства, особено за невладиниот сектор.  Совладување на уметноста за пишување на предлог проектибара единствен пристап кон управување со проекти. Целиот процес на развивање на проекти според ЕУ стандарди е познат како Project Cycle Management - PCM.   

 

Што е раководење/управување со проекти?  

Раководењето (или управување) сопроекти е дисциплина на планирање, организирање и управување со ресурсите што допринесува за успешно исполнување на специфични проектни цели. Главниот предизвик на раководењето со проекти е реализација на поставените проектни цели во однос на проектните ограничувања,како што се опфатот, времето и буџетот. 

 

Повеќе информации за пишување и раководење со проекти на следните линкови: 

Техничка поддршка на граѓански организации: www.tacso.org

Центар за неформално образование: www.triagolnik.org.mk

Младински информативен центар ИНФО СЕГАwww.infosega.org.mk

Девелопмент Солушнс (ДеСо): www.deso.mk

COSMO Иновативен центар: www.cosmoinnovate.com.mk

БАСМЕ професионален менаџмент консалтингwww.basme.com.mk

2829 comments

Leave a comment