5.1 Што претставува личната карта?

 

Личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Македонија. 

 

Кој ја издава личната карта и што е потребно за нејзино издавање?

Личната карта ја издава Министерството за внатрешни работи, со поднесување на барање за издавање на лична карта лично од страна на граѓанинот во подрачјето во кое граѓанинот има живеалиште.

Освен барањето за издавање лична карта на пропишан образец, потребно е да се приложи извод од матична книга на родени (доколку се вади лична карта прв пат), лична карта чиј рок е истечен, оштетената лична карта, дотраена лична карта што не може да служи за намената или друга лична исправа за утврдување на идентитетот, уплатница од 190 денари.

 

Што треба да се направи во случај да се загуби личната карта, кога треба да се промени истата, и дали се казнува злоупотребата на овој документ?

Министерството за внатрешни работи предвидува мерки во случај да се загуби личната карта, постапки за менување на постоечката при исполнување на некој од наведените услови, како и парична казна при злоупотреба на документот. За истите секој граѓанин може да се информира на следната интернет адреса од Министерството: www.mvr.gov.mk/upravni-rab/10

 

5.2 Што претставува пасошот?

Пасошот е електронска исправа за лична идентификација која му се издава на државјанин на Република Македонија заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата.

 

Кој го издава пасошот и што е потребно за негово издавање?

Пасошот го издава Министерството за внатрешни работи. Потребни документи за издавање на патна исправа се : барање за издавање, лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот, уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот, уплата за административна такса од 100,00 денари – за лица до 4 години, уплата за административна такса од 200,00 денари – за лица од 4 до 27 години, уплата за административна такса од 300,00 денари – за лица над 27 години.

 

Колку време трае процедурата за издавање на пасош?

Редовната постапка за издавање на трае најмногу 15 дена од денот на побарувањето. Ако барателот побара пасошот да се издаде во итна постапка, истиот се изготвува  во рок од 48 часа од денот на побарувањето. Цената на образецот за итен пасош се зголемува три пати во однос на редовната цена на образецот за пасошот.

Обрасците можете да ги најдете наwww.uslugi.gov.mk илиwww.mvr.gov.mk

 

5.3 Што претставува возачката дозвола?

Возачка дозвола е јавна исправа што ја издава МВР, со која се докажува правото на управување со одредени категории или подкатегории на возила.

 

Што е потребно за издавање на возачка дозвола?

За издавање на возачка дозвола потребна е важечка лична карта на увид, лекарско уверение, уверение за положен возачки испит, уплатниза од 280 денари и уплатница од 110 денари за администартивна такса.

 

Што е возачка книшка и што е потребно за нејзино издавање?

Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка. Возачка книшка е јавна исправа што ја издава МВР, во која се запишуваат негативни бодови во прекршочната постапка што се води за прекршоци во областа на сообраќајот на патиштата.

Потребни документи за издавање на возачка книшка се: пријава, уплатница од 100 денари, фотокопија од лична карта и 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 см.

 

5.4 Што се запишува во матичните книги на родени, венчани и умрени?

Во овие матични книги се врши евиденција наличните податоци на граѓаните, податоци за брачната заедница или податоци за смртта или прогласување на лицето за умрено. Податоците се утврдени со Законот за матична евиденција достапен на www.uvmk.gov.mk

 

Што е потребно за да се упише новороденче во матичната книга на родени и за издавање на извод?

Зависно од тоа дали новороденчето е родено во брачна или вонбрачна заедница, новите родители може подетално да се запознаат со условите наследната интернет адреса www.uvmk.gov.mk/?q=node/43. За потребната документација за издавање на извод од матична книга можете да ја посетите истата адреса.

 

Како се пријавува брак и што е потребно за издавање на извод од матичната книга на венчани?

Условите за склучувањето на брак и издавање извод од матичната книга на венчаните подетално е опишана на следната интернет адреса од Министерството за правда www.uvmk.gov.mk/?q=node/41

 

Што е потребно за да се пријави дека одредено лице починало?

Во матичната книга на умрените се води евиденција на податоци за смртта на лицата кои се пријавени како умрени. Описот на потребната документација за да се пријави дека одредено лице е починато е достапен на следната интернет адреса од Министерството за правда www.uvmk.gov.mk/?q=node/44

 

5.5 Кои уверенија ги издава судот?

Судот како надлежен орган издава уверенија за потребите на граѓаните во судовите според подрачјето на живеење. За видот на уверенијата и потврдите, како и за постапката за нивно добивање секој граѓанин може да се информира на следната интернет адреса: 

www.akademik.mk/category/dokumenti/lichni-dokumenti/07-dokumenti-od-sud  

6109 comments

Leave a comment