Одржан состанок во АМС со институции и младински организации кои работат на полето на младинско информирање во рамките на Национална кампања за младинско информирање „Информирај се СЕГА!“

На 04.10.2016 година во просториите на Агенција за млади и спорт се одржа состанок со институции и младински организации кои работат на полето на младинско информирање во рамките на Национална кампања за младинско информирање „Информирај се СЕГА!“. Целта на овој состанок беше креирање на мрежа со институции и младински организации со цел подобрување на младинското информирање во Македонија. На состанокот присуствуваа прставници од ИНФО СЕГА Прилеп, Коалција СЕГА, fakulteti.mk, Радио МОФ, Младински Совет Прилеп - Радио Пулс и УГД Радио – Штип на кои детално им беа презентирани предвидените активности од кампањата.

Одржана третата средба од циклусот “Денови на младинско информирање“

На 08 јули 2010 година во Младинскиот Информативен и Советодавен Центар се одржа третата средба од циклусот Денови на Младинско информирање со претставници и директори од локалните институции кои работат со млади во Општина Прилеп. На средбата присуствуваа директори и претставници од Меѓуопштински центар за социјална работа, ФМЈЗУ ,,Центар за јавно здравје”, Сојуз на училишен спорт, Фонд за здравствено осигурување, Центар за култура ,,Марко Цепенков”, Работнички Универзитет ,,Пере Тошев” и Црвен Крст на Македонија.

На средбата претставниците од локалните институции беа запознаени за функционирањето на центарот и за неговата огромна улога во животот на младите посебно во делот на информирањето.

Одржана прва средба од циклусот “Денови на младинско информирање“

На 24 јуни 2010 година со почеток во 12 часот се одржа првата средба од циклусот “Денови на младинско информирање“. На настанот присуствуваа подмладоците на политичките партии во Прилеп.

Со кратка презентација беа претставени основните цели на ИНФО СЕГА центарот, услугите и информациите кои ги нуди за младите од општина Прилеп.

Вовед и цели на националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА!“

  

Вовед

Почитувањето на демократијата, човековите права и основните слободиго подразбира и правото сите млади луѓе да имаат пристап до комплетни, објективни, разбирливи и сигурни информации за сите нивни прашања и потреби. Ова право на информирање е признато со Универзалната декларација за човекови права, Конценцијата за правата на детето, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, и препорака N ° 7 (90) and CM / препорака 8 (2010) младинско информирање, и Белата книга за млади на Европската комисија (2001). "Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!"  е национална капања што е имплементирана од Младинските информативни центри во Прилеп и Кавадарци со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, членови нa СЕГА и младински организации низ Македонија. Кампањата има за цел да им го приближи правото на младите луѓе да поставуваат прашања и да добиваат информации од оние што се овластени да одлучуваат.