Почеток на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“

Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да  добиваат информации од носителите на одлуки. Во кампањата се приклучија 10 организации од повеќе градови низ Македонија.