Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации на први декември 2015 година официјално ја започнаa Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“.

Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да  добиваат информации од носителите на одлуки.

 

ИНФО СЕГА ги повикува младите да се вклучат во конкурсот за избор на лого за кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. На конкурсот можат да учествуваат ученици, студенти и државјани на Република Македонија  на возраст од 14 до 29 години и да креираат лого за кампањата. Ова е одлична можност за оние кои поседуваат талент и се умешни во користењето на графички програми креативно да се изразат.

 

Избраното лого ќе се користи за потребите на кампањата,  на различни промотивни материјали и за активности од ИНФО СЕГА програмата за следните години.

 

Логото треба да ја отсликува целта на кампањата преку соодветна симболика (право на младинско информирање).

 

Дизајнерите за лого треба текстуално да го образложат концептот на логото.

 

Најдоброто лого од Конкурсот ќе биде избрано од тричлена комисија од Агенцијата за млади и спорт и ИНФО СЕГА. Дизајнерот чие лого ќе биде избрано ќе добие парична награда од 15 000 денари од Агенцијата за млади и спорт и Благодарницакоја ќе биде доделена на Националната дискусијаза младинско информирање во април 2016година.

 

Вашиот предлог за лого испратете го во „.png“ формат на следнава е-маил адреса:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. со назнака за Конкурс за избор на логонаНационалната  кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!".

 

Конкурсот за избор на лого е отворен од 09 – 21декември 2015 година.

 

За подетални информации контактирајте на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

 

 

Оваа кампања ја поддржуваат организациите: Здружение за Соработка и Зајакнување на Млади - Кавадарци, Центар за Едукација и развој -Тетово, СФЕРА - Битола, ИМКА - Битола, Хепар Центар - Битола, Организација на жени - Свети Николе, ПЕД Закамен -Струга и Младински Совет Прилеп.

Leave a comment