Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт и Коалиција СЕГА на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да  добиваат информации од носителите на одлуки. Во кампањата се приклучија 10 организации од повеќе градови низ Македонија.

 

Оваа кампања ќе трае 6 месеци (од 01 декември 2015 до 01 јуни 2016) и предвидува серија на активности на локално и национално ниво со цел да ги вклучи младите и да ја подигне свеста за значењето на младинското информирање и Младинските Информативни центриво Македонија, придонесувајќи  кон остварување на нивното право на информирање.

2108 comments

Leave a comment