На 18 април, 2016 година во просториите на ЕУ Инфо центарот се одржа Националната Конференција „Информирај се СЕГА!“ која се организираше во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА “. Исто така овој настан го одбележа 17 Април, Европскиот ден на младинско информирање На конференцијата присуствуваа претставници од младински организации од цела Македонија, претставници на Агенција за млади и спорт, млади, советници за млади и други претставници на релевантни институции и организации.

 



Конференцијата има
ше за цел да ги опфати и одговори на следниве прашања: Како да биде загарантирано правото на информирање на младите од страна на донесувачите на одлуки? Како и каде правилно да се информираат младите? На крајот на Конференцијата се донесоа заклучоци за идни младински политики со посебен акцент на младинското информирање.

На Националната конференција свои обраќања имаа: г-ѓа Мариче Тренеска, Менаџер на Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилеп
, г-ца Зорица Стаменкова, сектор млади во Агенција за млади и спорт, Никола Станкоски, Претседавач на Управен одбор на Коалиција СЕГА, Антонаета Иванова од Младиинфо како и други претставници на граѓански организации.

Темите кои се опфатија на конференцијата се: Добри практики и искуства за младинското информирање во Република Македонија, Младинските информативни центри како столбови за информирање на локално ниво, Гарантирање на правото на младинско информирање од донесувачите на одлуки, заклучоци и препораки.

Во текот на истиот ден
беше организиран Саем на НВО организации во холот на ЕУ Инфо центарот на кој присутните организации и партнер организациите имаа можност да ја презентираат својата организација преку свои промотивни материјали.

1310 comments

Leave a comment