Во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА“,Инфо Сега и Младински Совет Прилеп одржаа Трибина за промоција на волонтирањето преку EVS Erasmus + програмата.

 

Трибината се одржа на 11 март 2016 година,  во просториите на Градската библиотека „Борка Талески“.

 

Програмата ја промовирааи презентираа EVS волонтерите Јоан, Албан и Анда од Франција, Романија и Италија кои волонтираат во ИНФО СЕГА и Младински Совет и детално ги претставија постапката и чекорите за волонтирање во Европските држави со целосно покриени трошоци. Се напомена јасно дека оваа програма е отворена и за младите од Македонија кои можат да волонтираат во земјите на ЕУ. Исто така волонтерката Миранда од Мировен корпус ја раскажа својата инспративна приказна за нејзиното искуство и волонтирањето.

 

На трибината присуствуваа 40 млади, средношколци од средните општински училишта во Прилеп, студенти, претставници на локални невладини организации.

 

 

ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп во рамките на кампањата ќе одржат серија на активности кои ќе се реализираат наредниот период.

 

Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации на први декември 2015 година официјално ја започнаа Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“. Кампањата има за цел да им го донесе поблиску правото на младите луѓе да прашуваат и да  добиваат информации од носителите на одлуки.

 

 

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Leave a comment