На 25.02.2016 година во просториите на Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА Прилеп се одржа состанок со локални невладини организации од Прилеп. Овој состанок е дел од активностите на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ која ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации.

 

Состанокот беше одржан со цел да се се споделат информациите до кои сме дошле од состанокот со средношколци, сумирање и определување на веќе достапните информации и поврзување на организациите и локалната самоуправа со цел подобрување на работата во полето на младинско информирање.

 

На состанокот се разговараше за информациите кои ги нудат невладините организации со цел да се формира дата база на активни НВО од Прилеп но и за поддршката што ја добиваат од страна на локалните власти или другите организации.

 

 

Младинскиот информативен центар ќе продолжи со планираните активности во рамките на Националната кампања.

 

 

Кампањата „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ се реализира со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот од Долна Нормандија од Франција.

Leave a comment