Активности во месец февруари

Со оглед на тоа дека кампањата е започната во месец Декември, месец Февруари ќе вклучи активности со кои младите ќе се охрабрат да учествуваат во процесот на обезбедување полесен пристап до информации и споделување на информации. Темите и активностите во овој месец имаат ќе се насочат кон собирање на информации кои понатаму ќе бидат документирани и споделени.

 Натпревар во фотографија 

       На 5 февруари 2016 година ќе биде отворен повик за најдобра фотографија.

Рокот за пријавување и праќање фотографии е до 10 март.

Фотографиите треба да ја претставуваат темата „младинско информирање“ и истите може да бидат направени за време или помеѓу активностите на кампањата. На 10 март сите фотографии ќе бидат споделени на фејсбук на фан страната на ИНФО СЕГА. Од 10-20 март ќе трае фејсбук натпревар врз база на собирање лајкови. Првите 10 фотографии со најмногу лајкови од фејсбук натпреварот ќе бидат разгледани од комисија составена од АМС и ИНФО СЕГА, која ќе одбери најдобра фотографија. Победникот од конкурсот за најдобра фотографија ќе биде прогласен на Националната дискусија на 18 Април и истиот ќе добие награда од 250 евра.

Фотографиите треба да бидат испратени на infosega@infosega.org.mk

Состанок со претседатели на средни училишта

        Овој состанок ќе се одржи во неделата од 15-19 февруари 2016 година. Собраните информации треба да бидат доставени до Инфо Сега.

Добивањето информации ќе започне со дискусија со локалните средношколски младински заедници, претставувани од претседателите на средните училишта кои ќе имаат улога на амбасадори нанивните врсници. Нивната позиција во заедницата ќе им овозможи да соберат и споделат важни информации за наредниот период од кампањата.

Со овие претставници од училиштата ќе биде спроведен прашалник, за да се истакнат темите кои се опфатени со кампањата, со цел да се дознае какви информации имаат, а какви информации сакаат да добијаат.

Врз основа на прибраните податоци ќе произлезат понатамошни дискусии со

локалните невладини организации и локалната самоуправа.

Информациите од различните градови ќе се достават до Инфо Сега за да се сумира достапноста на истите на национално ниво.

Состаноци со локалните невладини организации и локалната самоуправа

         Овој состанок треба да се случи во неделата од 22-26 февруари 2016 годинаПрибраните податоци треба да се достават до Инфо Сега.

Цел:

Со овој состанок ќе се остварат три цели:

1) Да се споделат информациите до кои сме дошле на состаноците со средношколците.

2) Сумирање и определување на веќе достапните информации.

3) Поврзувањето на организациите и локалната самоуправа со цел подобрување на работата во полето на младинско информирање

Трибини за специфични теми со младите

        Овие трибини ќе се случат во неделата од 29 февруари-11 март 2016 година.

Информациите на овие состаноци ќе се базираат на темите што се претходно дискутирани со претседателите на класовите и за кои се изјасниле дека немаат доволно информации.

Во врска со трибините ќе бидете дополнително известени, откако ќе ги добиеме информациите од предходните активности.

Активности за месец март

Активностите во март ќе се фокусираат на прибирање и појаснување на информациите за младите. Исто така ќе има креативна активност во текот на месецот што ќе  биде спроведена од младите ширум Македонија.

Креирање на брошура со информации за млади

Информациите во брошурата ќе бидат на повеќе теми, врз основа на темите кои предходно се дискутирани со младите, во однос на тоа кои информации му се недостапни или помалку достапни на младите. ИНФО СЕГА има обврска да ја креира брошурата и останатите информативни материјали во текот на оваа кампања, додека останатите организации ќе придонесат во истата преку доставување на податоците кои ги добиле од прашалниците во предходните активности, како и споделување на информативните материјали.

Национална креативна активност

Оваа активност ќе биде остварена на 4-5 март 2016 година.

Оваа активност треба да биде креирана и развиена од младите со кои соработува секоја организација, и да кулминира во еднодневна активност што ќе ја покрене свеста во однос на пристапот до информации.

Предлог активности:

- Дизајнирање на прашалник

Flash Mob

Барање од млади минувачи да нацртаат што значи за нив младинско информирање

За оваа активност дополнително ќе добиете насоки за полесно реализирање на истата.

   База на податоци на НВО организации

Секоја од организациите ќе биде одговорна за прибирање на информации за другите организации во нивниот град.  Овие информации треба да вклучат и податоци за контакт како и какви услуги можат да понудат истите за  младите. Краен рок за оваа активност е 30ти март 2016 година.

Активности на месец април

Национална дискусија и саем за организации

Овој настан ќе се реализира на 18 април 2016 година во Скопје, по повод Интернационалниот ден на младинско информирање 17 Април. На овој настан ќе се поканат претставници од сите младински ораганизации од цела Македонија, претставници на Агенција за млади и спорт, млади, советници за млади и др. Националната дискусија со сите вклучени страни од кампањата ќе има за цел да одговори како да биде загарантирано правото на информирање на младите од страна на донесувачите на одлуки? како и каде правилно да се информираат младите и заклучоци за идни младински политики. На истиот ден ќе биде организиран Саем на НВО организации, на кој присутните организации и партнер организациите ќе делат свои промотивни материјали.

Повеќе детали за настанот ќе се дефинираат подоцна.

 Извештај на партнер организациите

         Овој извештај ќе биде комплетиран до 30 април 2016 година. Секоја организација ќе треба да изготви кратки извештаи за извршените активности и нивните исходи. Извештајот исто така ќе вклучи информации за младите и информации со кои би се задоволиле нивните потреби. Инфо Сега потоа ќе ги спои овие информации во една комплетна анализа на национално ниво.

За извештајот на активностите во Април, потребно е партнер организациите да достават извештај со сите активности остварени за време на кампањата. Истиот треба да вклучува слики и описи.

Активности за месец мај

Состанок со Агенцијата за млади и спорт

Во текот на неделата од 9-15 мај 2016 година.

Овој состанок ќе овозможи младите да се запознаат подобро со она што го работи Агенцијата за млади и спорт и Отворено Да Прашаат Се Што Ги Засега.

         Состанок со градоначалникот

        За време на неделата од 16-22 мај 2016 година.

Овој состанок ќе овозможи младите да имаат сознание за улогата на градоначалникот во заедницата. Тие исто така ќе имаат можност да му постават прашања .

         Конечен извештај на ИНФО СЕГА

         Комплетиран на 30 мај 2016 година.

Инфо Сега ќе го комплетира конечниот извештај базиран на информациите од извештаите на партнер организациите.

         Е-билтен со опис на активностите

         Секоја партнер-организација ќе достави статија до Инфо Сега за финалниот Е-билтен што ќе биде реализиран и дистрибуиранна 1 јуни 2016 година. За оваа активност ке добиете дополнителни насоки.

1238 comments

Leave a comment