На ден 14.05.2018 во кариерниот центар на СОУ „Ристе Ристески-Ричко” Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА од Прилеп, заедно со своите локални волонтери ја одржаа првата работилница во рамки на кампањата „365 работнички права за млади”.

Кампањата се спроведува од 01-ви јануари 2018 и ќе трае во текот на цела година.

Истата ја спроведуваат инфо центрите на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати.

Кампањата има за цел да ги информира младите за нивните работнички права.

Преку работилници како оваа, заедно со останатите активности кои се спроведуваат со оваа кампања ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права, но и да ги потсетиме дека имаат обврски кои треба да се почитуваат на работно место, како и тоа на кој начин, каде и како да се информираат за нив.

Денешната работилница беше интерактивна, па заедно со учениците дефиниравме што е тоа работен однос, какви права, а какви обврски имаат работниците и работодавачите и точно прецизиравме кои услови треба да се почитуваат на работно место.

Работилници како денешната ќе има уште многу, кадешто директно ќе пристапуваме до младите како идни потенцијални работници и ќе пробаме да ја подигнеме нивната свест во однос на оваа тематика.

Leave a comment