Младинскиот Информативен и Советодавен Центар од Прилеп, заедно со Младински Совет од Прилеп, по повод 1-ви мај-Денот на трудот, а во рамки на кампањата „365 Работнички Права за Млади“ успешно организираа Инфо ден кадешто ја презентира кампањата и нејзините реализирани и планирани активности.

Целта на Инфо денот беше младите да се информираат за нивните права на работното место и за тоа што треба да преземат доколку е прекршено некое од тие права.

Исто така, им беа објаснети и обврските кои ги имаат тие како работници кон работодавачите, како и од работодавачите кон нив.

Младите ја поздравија кампањата и нејзините активности, и се согласија дека ова е одличен начин за да се подигне свеста кај младите работници.

 

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Државниот Инспекторат за Труд и Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Партнери на кампањата: Младински Совет Прилеп, Волонтерски центар Скопје, Рурална коалиција, Кул младина Штип, Центар за економски анализи ЦЕА, Мрежа за поддршка на претприемачи, Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија, Форум 16, МИРР, Рома Прогрес, Граѓанска иницијатива на жени и Еколоџик.

Leave a comment