Од 01 јануари 2018 година, Младинските Информативни и Советодавни Центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Факултети.мк и Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија официјално ја започнаа Националната кампања „365 работнички права за младите“.

 

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај младите за нивните работнички права.

Преку активностите на кампањата ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права на работното место на кој начин, каде и како да се информираат за нив.

Во состав на активностите на кампањата предвидена е Oбука на тема „Права на младите на работното место – пристојна работа за младите луѓе” организирана од Меѓународната организација на трудот (ILO) и Коалиција на младински организации СЕГА. Обуката има за цел подигнување на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место, односно информирање и запознавање на младите работници со нивните основни права на работното место.

Програмата за обука е  заснована врз прирачникот на МОТ за „Права на младите на работното место“, кој е прилагоден на македонското законодавство и ситуација. Обуката ќе ja спроведе национален експерт од областа на работничките права.

Настанот ќе се одржи во хотел Eсперанто во Струмица, во периодот од 31 јануари до 02 февруари 2018 година и ќе присуствуваат 25 учесници, претставници од институции, синдикати и граѓански организации од цела Македонија.

 

Кампањата „365 работнички права на младите” се спроведува со поддршка Програмата за децентрализирана соработка помеѓу регионот Нормандија и Македонија, Агенција за млади и спорт на Република Македонија и Државниот Инспекторат за Труд.

Партнери на кампањата: Младински Совет Прилеп, Волонтерски центар Скопје, Рурална коалиција, Кул младина Штип, Центар за економски анализи ЦЕА, Мрежа за поддршка на претприемачи, Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија, Форум 16, МИРР, Рома Прогрес, Граѓанска иницијатива на жени и Еколоџик.

Leave a comment