За Кампањата (5)

Oтворен инфо кариерен центар во Прилеп

 

Во Прилеп, на ден 09.02.2017 година, беа отворени и промовирани просториите на Младинскиот Инфо Кариерен Центар„Отворена врата за млади од млади“, воедно беше промовиран Проектот Подобрување на социјалната инклузија преку јакнење на вработливоста „Отворена врата - за младите од младите“.

Активности на националната кампања „Информирај се СЕГА!“

Планираните активности во рамките на овој проект ќе започнат со реализирање на почеток на месец февруари 2017 година

1. Организирање на Креативни работилници (Февруари 2017)

Со цел да се обезбеди поголема видливост за промоција на мобилната апликација секоја партнер организација ќе организира по една креативна работилница на локално ниво. Со помош на локалните волонтери и млади ќе се изработат посебни форми (во симболот на мобилната апликација) кои ќе се користат за да дадат поголема видливост на настаните. Овие работилници ќе се организираат во просториите на партнер организациите.

Национална кампања „Информирај се СЕГА!“

Кампањата „Информирај се СЕГА!“ ја спроведуваат Коалиција СЕГА со Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенција за млади и спорт. Кампањата предвидува серија на активности кои ќе се реализираат од 01 септември 2016 – 31 мај 2017 година.

Опис на активностите на националната кампања „Право на младинско информирање– Информирај се СЕГА!“

Активности во месец февруари

Со оглед на тоа дека кампањата е започната во месец Декември, месец Февруари ќе вклучи активности со кои младите ќе се охрабрат да учествуваат во процесот на обезбедување полесен пристап до информации и споделување на информации. Темите и активностите во овој месец имаат ќе се насочат кон собирање на информации кои понатаму ќе бидат документирани и споделени.

Вовед и цели на националната кампања „Право на младинско информирање–информирај се СЕГА!“

  

Вовед

Почитувањето на демократијата, човековите права и основните слободиго подразбира и правото сите млади луѓе да имаат пристап до комплетни, објективни, разбирливи и сигурни информации за сите нивни прашања и потреби. Ова право на информирање е признато со Универзалната декларација за човекови права, Конценцијата за правата на детето, Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи, и препорака N ° 7 (90) and CM / препорака 8 (2010) младинско информирање, и Белата книга за млади на Европската комисија (2001). "Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!"  е национална капања што е имплементирана од Младинските информативни центри во Прилеп и Кавадарци со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, членови нa СЕГА и младински организации низ Македонија. Кампањата има за цел да им го приближи правото на младите луѓе да поставуваат прашања и да добиваат информации од оние што се овластени да одлучуваат.