Активности (11)

Одржан настан на ФИНКИ за претставување на натпреварот за изработка на мобилна апликација

На 21.12.2016 година со почеток од 12.00 часот во Големиот Амфитеатар на ФИНКИ се одржа претставување на Натпреварот за изработка на мобилна апликација за сите пријавени тимови. На настанот присутни беа Деканот на ФИНКИ проф. Д-р Иван Чорбев, Продеканот проф. д-р Ивица Димитровски, проф.д-р Игор Мисковски, Гордана Цекова раководител на одделение за млади во Агенција за млади и спорт и Мариче Тренеска преставник на Коалиција СЕГА.

На преставувањето присутни беа и пријавените тимови од студенти за учество на натпреварот кои се информираа подетално за барањата, критериумите и условите за учество, како и за основните функционалности на постоечкиот сајт www.mladi.ams.mk
Исто така се поканија останатите студенти да се пријават и да учествуваат на натпреварот.

Одржан координативен состанок со партнерите од националната кампања „Информирај се СЕГА!“

На 13.12.2016 година од 11 часот во просториите на Младинскиот Информативен Центар ИНФО СЕГА Прилеп се одржа координативен состанок со партнер организациите од  Националната кампања „Информирај се СЕГА!“.

Целта на состанокот беше да се обезбеди преглед на планираните активности за идниот период, споделување на одговорности како и воспоставување на канали на комуникација помеѓупартнерите.  

Посета на млади кај градоначалникот во рамките на националната кампања

 

Младински информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА- Прилеп, во соработка со Младински Совет – Прилеп,успешно реализираа средба со Градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески. Во оваа активност беа вклучени средношколци и други млади од општината, ентузијасти што имаат интерес да делуваат и да се вклучат во активности за подобрување на животот на младите во градот.

Се одржа Национална Конференција за младинско инормирање „Информирај се СЕГА!“

На 18 април, 2016 година во просториите на ЕУ Инфо центарот се одржа Националната Конференција „Информирај се СЕГА!“ која се организираше во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА “. Исто така овој настан го одбележа 17 Април, Европскиот ден на младинско информирање На конференцијата присуствуваа претставници од младински организации од цела Македонија, претставници на Агенција за млади и спорт, млади, советници за млади и други претставници на релевантни институции и организации.

 

ИНФО СЕГА и Младински совет Прилеп одржаа трибина на тема „Како да волонтирате во странство преку EVS ERAZMUS+ програмата?“

Во рамките на Националната кампања „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА“,Инфо Сега и Младински Совет Прилеп одржаа Трибина за промоција на волонтирањето преку EVS Erasmus + програмата.

Одржан состанок со невладини организации од Прилеп

На 25.02.2016 година во просториите на Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА Прилеп се одржа состанок со локални невладини организации од Прилеп. Овој состанок е дел од активностите на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ која ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации.

Одржани состаноци со ученици од средни училишта низ Македонија во рамките на Националната кампања за младинско информирање

Како дел од активностите на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ во периодот од 15 до 19  февруари 2016 година, партнер организациите ИМКА и СФЕРА од Битола, Волонтерски центар, АЛДА и Младиинфо од Скопје, ИНФО СЕГА и АЦЕ од Кавадарци, ОЖО од Свети Николе и ИНФО СЕГА и Младински Совет од Прилеп одржаа серија на состаноци со ученици од средните училишта низ Македонија.

Младинскиот информативен центар од Прилеп одржа состанок со претседателите на средношколските организации

На 17.02.2016 година во просториите на Младинскиот Информативен центар ИНФО СЕГА Прилеп се одржа состанок со претседателите на средношколските организации. Овој состанок е дел од активностите на Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“ која ја спроведуваат Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, во соработка со Агенција за млади и спорт, Коалиција СЕГА и други невладини организации.