Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА Прилепе отворен на 30 мај 2010 година. ИНФО СЕГА Прилеп е проект кој го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА, а е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локалната Самоуправа Прилеп.

На 19 август 2015 година е отворен вториот Младински информативен центар ИНФО СЕГА во Кавадарци во рамките на поддршката на Програмата за децентрализирана соработка со меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, Општина Кавадарци и Коалиција на младински организации СЕГА.

Младинските Информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарцинудат информации и услуги за млади и младински организации и се единствени во Македонија кои работат според принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) иЕвропската повелба за младинско информирање.

Основни програми кои ги спроведуваат се:

Младинско информирање - информации за вработување, волонтерство, стипендии, образование, култура, домување, учество на семинари, обуки, конференции и сл.

Центри за документација и информирање - печатени и електронски публикации, прирачници, книги и важни документи од областа на младите. 

Промовирање на европски програми и волонтерство - обезбедуваат информации за Европски програми и проекти, како и за можностите за искористување на овие програми.

Услуги за млади и младински организации - туторство, можности за волонтерска пракса за студенти/апсолвенти, професионална ориентација, изнајмување на простор за работилници, прес конференции и сл.

Поддршка на младите луѓе во општините Прилеп и Кавадарци - Давање на директна поддршка на младите луѓе преку спроведување на различни едукации за младите како на пример: Професионална ориентација, Полесно совладување на материјалот, Заштита на лични податоци на интернет, Изготвување на CURICULUM VITAE (CV), структурана CV, мотивационо писмо и интервју за работа и сл. 
- Менторство на ученици преку помош и поддршка во пишувањето на домашните задачи и совладување на материјалот;
- Организирање на бесплатни курсеви за изучување на странски јазици;
- Активности за застапување на локалните младински потреби.

Соработка со институции и организации - Младинските информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци соработуваат со различни институции и организации од земјата и странство во интерес на своето работење и на младите. 

3637 comments

Leave a comment