На 20.08.2018 година во просториите на ООУ Јонче Смугрески во с. Обршани се одржа Локална дискусија со млади во соработка со организациите МИРР и ЛАГ АГРО Лидер.  


Целта на локалната дискусија беше да се приберат мислењата на младите и граѓанските организации за нивните потреби на локално ниво и да се дадат препораки за нивна имплементација во соработка со донесувачите на одлуки т.е Општина Кривогаштани. Со локалните млади се разговараше на повеќе теми пред се за нивните потреби за младин
ско информирање, начините на кои можат да учествуваат во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, соработка со Совет на млади и со општина Кривогаштани, улогара на граѓанските организации на локално ниво и квалитетно користење на слободното време на младите преку активности.

Во рамките на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“, предвидени се три локални дискусии кои ќе се реализираат во општина Кривогаштани во партнерство со Здружение за рурален развој, Локална акциска група - Агро Лидер и Младинска иницијатива за регионален развој - МИРР од општина Кривогаштани.

Преку активностите на локално ниво ќе се постигне поголема посветеност и капацитет на граѓанските организации кои ги застапуваат младите со цел да им се овозможи можност за учество во процесот на донесување на одлуки важни за младите во општина Кривогаштани.

Leave a comment