Денес во Дојран започна обуката „Прв чекор да станеш активен млад човек – Механизми за младинско учество во процесите на донесување одлуки“ како дел од „Локален фонд за млади“.

На обуката учествуваат 8 волонтери на Младински информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци, Прогресс плус Кавадарци и Совет на млади на Општина Кавадарци кои ќе се запознаат со основните механизми за младинско учество во процесите на донесување на одлуки и ќе стекнат вештини за успешна испорака на врсничка едукација (комуникациски вештини, презентерски вештини и давање на повратна информација, користење на различни техники за обука...).

Оваа тридневна обука е дел од проектот „Вклучи се и ти, заедно да сме активни“  кој е поддржан од младинскиот фонд на Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог, кој се реализира веќе четврта година на регионално ниво од страна на 7 Агенции за локална демократија и АЛДА Скопје во 5 балкански земји. Преку локални и регионални активности, платформата има за цел да ја зголеми свеста за младинското учество, младинскиот активизам и можностите за младите луѓе да создаваат и да бидат дел од донесувањето одлуки.“

Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА (http://www.alda-europe.eu) во партнерство со седум Агенции за локална демократија од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово и АЛДА Скопје, го спроведуваат проектот „Регионална платформа за младинско учество и дијалог на Балканот“ (http://www.alda-balkan-youth.eu) во рамките на ИПА Оперативниот грант за развој на граѓански организации, со поддршка на Европската комисија во рамките на ИПА. 

 

 

Leave a comment