Во рамки на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“ на 20 јули 2018 година, Коалиција на младински организации СЕГА ја реализира обуката на тема „Финансиско работење“ во просториите на Коалиција СЕГА.

На обуката присуствуваа 11 учесници, претставници на партнер организациите на проектот МИРР и ЛАГ АГРО Лидер од Кривогаштани,  двајца преставници на општина Кривогаштани и преставници на Коалиција СЕГА.

Целта на оваа обука за Финансиско работење беше членовите на ГО како и членови од Советот на млади на о. Кривогаштани да го продлабочат своето знаење во темите кое беа опфатени со обуката, и тоа: финансиска администрација, финансиски менаџмент, основи на сметководство, напредно сметководство, финансиски анализи, архива на проектна документација и друго.

На обуката се користеа интерактивни методи, игри на улоги, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците се стекнаа со вештини и различни техники за практикување на стекнатото знаење финансиско работење.

Обуката беше наменета за да се подобрат внатрешните процеси на ГО, да се постават процедури и стандарди во финансиското работење и да се зголеми стручниот капацитет на кадарот.

Во наредната фаза од проектот Коалиција СЕГА ќе биде во улога на ментор на овие организации доколку се појави потреба од консултации за одреден повик или проект.

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓанскиорганизации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од ЕвропскаУнија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK.

 

Leave a comment