Во рамки на проектот „Застапување на Граѓанските Организации за активно младинско учество“ Коалиција на младински организации СЕГА во период од 10 и 11 јули 2018 година ја реализира обуката на тема „Раководење на Проектен циклус“ во просториите на Коалиција СЕГА. 

На обуката присуствуваа 11 учесници, претставници на партнер организациите на проектот МИРР и ЛАГ АГРО Лидер од Кривогаштани,  двајца преставници на општина Кривогаштани и преставници на Коалиција СЕГА. Учесниците се стекнаа со основно знаење за проектен циклус и ќе дејствуваат во насока на имплементирање на стекнатите знаења.

На обуката се користеа интерактивни методи, работа во мали групи, студии на случај и презентации преку кои учесниците се стекнаа со знаења за развој на идеа до реализација   како и фазите на проектниот циклус и тоа: Анализа на потребите, хиерархија на цели, конструирање на индикатори.  На вториот ден од обуката се одржаа сесиите за Логичка рамка, имплементација на активности, мониторинг и евалуција на проектните активности.

Преку оваа обука ќе се делува кон зајакнување на капацитетот на ГО за да започнат да аплицираат и да спроведуваат пректни активности. Во наредната фаза од проектот Коалиција СЕГА ќе биде во улога на ментор на овие организации доколку се појави потреба од консултации за одреден повик или проект.

Проектот е финасиран од програмата за мали грантови на Преда Плус преку проектот "Подобрување на активната вклученост на македонските граѓанскиорганизации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот е финансиран од ЕвропскаУнија. Референца: EuropeAid / 151569 / DD / ACT / MK.

 

Leave a comment