На ден 01.06.2018 година (петок) во просториите на Младински Информативен и Советодавен Центар - ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп, бевме почестени со присуството на волонтерите од нашата партнер организација - Волонтерски Центар Скопје. Паулина и Антоин беа нашите гости - посетители кои со задоволство ги запознавме со нашите капацитети, нашите простории, волонтерите кои се дел од нашиот центар, со активностите кои ги реализираме секојдневно и нашите досегашни проекти.

 

Волонтерите од Полска и Франција беа многу задоволни од активностите во кои ги вклучивме, заедно со нашите волонтери од Франција и Бугарија работеа на активностите кои ни беа предвидени за тој ден, Пол и Антоин одржаа час по Француски јазик, сите заедно работеа на подготвка на активностите за Language cafe, заедно наравивме прошетка низ старата Прилепска чаршија, а во доцните попладневни часови ни помогнаа да реализираме уште еден успешен настан - Language cafe во Арт кафе. Паулина, Антоин, Пол и Велин заедно направија одлична атмосфера, ги изработија сите предвидени игри и активности, разговараа со присутните, ги учеа зборови на нивниот јазик, а истовремено ги запознаа со нивната култура од земјите од кои доаѓаат, а сето тоа проследено со добра музика и свежо приготвено кафе.

На крајот на денот, се разделивме со прекрасни спомени од одличното дружење и ги поканивме повторно да бидат наши гости во Прилеп.

Се надеваме на уште многу вакви прекрасни средби во Прилеп или Скопје, а воедно им се заблагодаруваме нив и на Волонтерски Центар Скопје за одличната соработка.

До следното видување,

Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА

Младински Совет Прилеп

 

Leave a comment