На ден 28.05.2018 на градскиот плоштад во Кавадарци се одржа првиот ИНФО ДЕН за кампањата „365 работнички права за млади“.
Оваа кампања се спроведува од 01-ви јануари 2018 и ќе трае во текот на цела година. 


Истата ја спроведуваат двата младински инфо центри на Коалиција на младински организации СЕГА во соработка со fakulteti.mk и Конфедерација на слободни синдикати на Македонија КСС.


На инфо денот, младите се информираа за нивните права на работното место и што треба да преземат доколку е прекршено некое од нивните права. Им беа објаснети и обврските кои ги имаат тие како работници кон работодавачите, како и работодавачите кон нив.

Преку инфо деновите, работичниците и останатите активности кои се спроведуваат со оваа кампања ќе се делува кон зголемување на свеста на младите луѓе да разберат дека имаат права, но и да ги потсетиме дека имаат обврски кои треба да се почитуваат на работно место, како и тоа на кој начин, каде и како да се информираат за нив.


Наредна активност како дел од оваа кампања е едукативна работилница која ќе се одржи во просториите на Младинскиот Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци.

Повеќе фотографии од настанот, може да видете на следниот ЛИНК.

Leave a comment