На ден 15.05.2018 година (вторник) во СОУ "Ристе Ристески - Ричко" во Прилеп, Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА - Прилеп заедно со ЕВС волонтерите од Франција и Бугарија одржаа презентација за промоција на ЕВС и Еразмус+ програмата пред учениците од трета година.

 

Овој настан е дел од серијата предвидени настани, со цел запознавање на учениците со програмите и можностите кои им се нудат од страна на ЕУ и ЕВС, а се однесуваат на младински размени и волонтирање на младите лица од 18-30 години во некоја од земјите опфатени со овие програми. Коалиција СЕГА како организација која има акредитација за примање и испраќање на волонтери од Македонија и странство има цел да ги поттикне младите да учествуваат на ваков вид програми, да запознаат нови култури, да научат нови работи за некоја од областите кои ги нуди програмата, а воедно да добијат и основни познавања од нов јазик и да стекнат нови искуства и пријатели.

Волонтерите на ИНФО СЕГА преку презентација, флаери, игри и други забавни активности, на учениците им ги презентираа можностите кои ги нуди Еразмус+ програмата, а воедно им ги пренесоа и своите искуства од ЕВС.

На презентацијата учествуваа 23 ученици, а настанот беше одлично прифатен од учениците кои беа мотивирани во иднина да изберат некоја од активните ЕВС програми кои ги нудат ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп.

Тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп продолжуваат и понатаму со Промоција на ЕВС во сите средни училишта во Прилеп.

Leave a comment