Волонтерите од младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО Сега одржаа презентации за промоција на ЕВС програмата за волонтирање.

 

На ден 23.04.2018 година (понеделник) и 07.05.2018 година (понеделник) во СОУ "Орде Чопела" во Прилеп, Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА - Прилеп заедно со ЕВС волонтерите од Франција и Бугарија одржаа презентации за промоција на ЕВС и Еразмус+ програмата пред учениците од четврта година.

Овие настани се дел од серијата предвидени настани, со цел запознавање на учениците со програмите и можностите кои им се нудат од страна на ЕУ и ЕВС, а се однесуваат на младински размени и волонтирање на младите лица од 18-30 години во некоја од земјите опфатени со овие програми. Коалиција СЕГА како организација која има акредитација за примање и испраќање на волонтери од Македонија и странство има цел да ги поттикне младите да учествуваат на ваков вид програми, да запознаат нови култури, да научат нови работи за некоја од областите кои ги нуди програмата, а воедно да добијат и основни познавања од нов јазик и да стекнат нови искуства и пријатели.

Волонтерите на ИНФО СЕГА на учениците им ги презентираа можностите кои ги нудат овие програми, а воедно им ги пренесоа и своите искуства од ЕВС.

На презентацијата учествуваа 58 ученици, а настанот беше широко прифатен од учениците кои беа мотивирани во иднина да изберат некоја од активните ЕВС програми кои ги нудат ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп.

Тимовите на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп продолжуваат и понатаму со промоција на ЕВС програмата во сите средни училишта во Прилеп.

Leave a comment