На 12.03.2018 (понеделник) и 14.03.2018 (среда) во СОУ "Ѓорче Петров" во Прилеп, Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА заедно со ЕВС волонтерите, одржа три презентации за Промоција на ЕВС и Еразмус+ програмата пред учениците од четврта година.

 

Овие настани се дел од серијата предвидени настани, со цел запознавање на учениците со програмите и можностите кои им се нудат од страна на ЕУ и ЕВС, а се однесуваат на младински размени и волонтирање на младите лица од 18-30 години во земјите опфатени со овие програми. Коалиција СЕГА како организација која има акредитација за примање и испраќање на волонтери од Македонија и странство има цел да ги поттикне младите да учествуваат на ваков вид програми, да запознаат нови култури, да научат нови работи за некоја од областите кои ги нуди програмата, а воедно да добијат и основни познавања од нов јазик и да стекнат нови искуства и пријатели.

Волонтерите на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп на учениците им ги презентираа можностите кои ги нудат овие програми, а воедно им ги пренесоа и своите искуства од ЕВС.

На презентациите учествуваа 108 ученици, а настаните беа широко прифатени од страна на учениците кои беа мотивирани во иднина да изберат некоја од активните ЕВС програми кои ги нудат ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп.

Тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп продолжуваат со Промоција на ЕВС програмата во сите средни училишта во Прилеп.

Leave a comment