На ден 05.03.2018 (понеделник) во СОУ Гимназија "Мирче Ацев" во Прилеп, Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА одржа презентација за Промоција на ЕВС и Еразмус+ програмата  пред учениците од четврта година.

Овој настан беше трет од серијата предвидени настани со цел поголемо запознавање на учениците со програмите на ЕУ кои се однесуваат на младински размени и волонтирање на младите лица од 18-30 години во земјите опфатени со овие програми, а ИНФО СЕГА како организација која има акредитација за примање и испраќање на волонтери од Македонија и странство има цел да ги поттикне младите да учествуваат на ваков вид програми, да запознаат нови култури, да научат нови работи за некоја од областите кои ги нуди програмата, а воедно да добијат и основни познавања од нов јазик и да стекнат нови искуства и пријатели.

Волонтерите на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп, на учениците им ги презентираа можностите кои ги нудат овие програми а воедно им ги пренесоа и своите искуства од ЕВС.

На настанот присуствуваа 44 ученици, а истиот наиде на голема заинтересираност од страна на учениците кои се мотивирани во иднина да изберат некоја од активните ЕВС програми кои ги нуди ИНФО СЕГА.

Тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп продолжуваат со Промоција на ЕВС и Еразмус+ програмите во сите средни училишта во Прилеп

Leave a comment