На 19-ти и 26-ти февруари 2018 година, во СОУ Гимназија "Мирче Ацев" во Прилеп, Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА започна со презентации за Промоција на ЕВС и Еразмус+ програмата пред учениците од четврта година.

 

Овие настани беа први од серијата предвидени настани со цел поголемо запознавање на учениците со програмите на ЕУ кои се однесуваат на младински размени и волонтирање на младите лица од 18-30 години во земјите опфатени со овие програми, а ИНФО СЕГА како организација која има акредитација за примање и испраќање на волонтери од Македонија и странство, има цел да ги поттикне младите да учествуваат на ваков вид програми, да запознаат нови култури, да научат нови работи за некоја од областите кои ги нуди програмата, а воедно да научат и нов јазик и да стекнат нови искуства и пријатели.

На презентациите присуствуваа 96 ученици. Волонтерите на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп, на учениците им ги презентираа можностите кои ги нудат овие програми, а воедно им ги пренесоа и своите искуства од ЕВС.

Настанот наиде на голема заинтересираност од страна на учениците и професорите кои присуствуваа на истиот.

Тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет - Прилеп продолжуваат со Промоција ЕВС и Еразмус+ програмите во сите средни училишта во Прилеп.

Leave a comment