Бидете дел од тимот на волонтери на ИНФО СЕГА! Проширете ја својата лична мрежа на контакти и зголемете ги вашите комуникациски и презентерски вештини. Учествувајте во активностите на Младинскиот Информативен Центар ИНФО СЕГА, Прилеп.

Од месец февруари 2018, Младинскиот Информативен Центар ќе формира волонтерски клуб за млади до 18 години, кои ќе учествуваат во тековните активности и креативните работилници на Центарот.

Повикот е отворен за сите средношколци од сите средни општински училишта во Прилеп.

Волонтерите ќе имаат можност да посетуваат семинари, работилници и да бидат дел од младински размени организирани од Коалиција СЕГА.

Сите заинтересирани да се обратат директно во просториите на Младинскиот Информативен Центар на ул. Питу Гули 6 позади стара општина (поранешни канцеларии на водовод) секој работен ден од 09:30 до 16:30 часот, или да ни испратат е-меил порака со назнака: “za lokalen volonter vo MIC” на следните е-меил адреси: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Краен рок за пријавување е 01.02.2018 година.

Нестрпливо ги очекуваме Вашите пријави!

Тимот на ИНФО СЕГА

 

 

Leave a comment