Од направените едукативни работилници во средните општински училишта во Прилеп во рамките на проектот, главно барање на младите од Прилеп беше потребата од покриен базен каде младите ќе можат рекреативно и забавно да го поминуваат своето слободно време преку целата година.

Во Прилеп во летниот период има неколку базени кои се отворени за сите млади и граѓани, но тоа е многу краток период за децата и младите кои сакаат професионално да се занимаваат со пливање. 

Со отворањето на покриен базен ќе се формираат пливачки клубови каде би членувале деца и млади, надежни пливачи кои би постигнувале добри резултати на државни и меѓународни натпревари. Со тоа ќе се зголеми спортскиот дух на младите и идните генерации во Прилеп.

Покриениот базен во градот треба да добие локација надвор од централното градско подрачје или со локација на местото од спортската сала Македонија (во близина на паркот Могила).

Прилеп  како град би ги добил своите придобивки преку реализација на овој проект, низ поголема афирмација на проектот, барање на спонзорства, како и организација на државни и меѓународни натпревари.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment