Гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп е основана во 1944 година. Таа е столбот на градот од каде проникнале и се оформиле големи умови, а секоја генерација испишува за себе значајни моменти низ дневниците кои остануваат да се раскажуваат од генерација на генерација.

 

Прилепската гимназија поминала низ многу предизвици.

Ова е прилепски жив споменк кој сведочел на многу љубови, но во секој случај дворот е местото каде се случуваат најинтересните моменти.

Реконструкцијата на дворот била мета на постојани критики. Најочигледна причина, покрај фактот што ова е место за честите средби на учениците, е самиот углед.

Во текот на изминатите години, предниот дел се реконструирал постојано, но задниот дел е доволно голем и заслужува да блесне со пособен сјај препознатлив за гимназијата.

Таму е можно да се изгради игралиште, мерка која би помогнала за развој на спортот. Како втора мерка би била поплочување на просторот, озеленување и давање на сјај кој би бил идентичен на оној напред.

Се надеваме дека задниот дел од гимназијта ќе испише нови страници љубов и харизма во иднина.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment