Театарот е можност да се излезе од секојдневието, да се доближеме до вистинката убавина, да осознаеме нова култура, да плачеме, да се смееме и да се соживееме со актерите на сцена.

 

Тој овозможува многу функции, кои ретко се среќаваат, но не’ развиваат, релаксираат и едуцираат.

Реконструкцијата на „Војдан Чернодрински“ театарот во Прилеп ќе придонесе за развој на градот, промоција на вистинските вредности и есенцијален развој на културниот поредок.

Реконструкцијата би опфатила повеќе сегменти, а нејзината имплементација би придонела директно за развојот на новите генерации како и за интелектуалците кои би ги подржувале младите за директна вклученост во тој развој.

 Во модерно време, многу е важно да се негуваат вистинските вредности, а театрите се една од нив. Не заборавајте дека после се’, театарот е едно од поголемите уживања.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment