Пријатен факт е иницијативата од младите луѓе одсредното училиште „Ѓорче Петров“ кои дадоа идеја за организирање активности чија цел е промовирање на човечките вредности.

 

Младите во Прилеп сметаат дека има потреба од организирање на повеќе хуманитарни активности. Некои можат да бидат организирани самоиницијативно, но би било добро кога би имале помош и од нивните училишта, и од локалната самоуправа, како и невладини организации.

Младите луѓе се оние кои ќе покажат дека промените би можеле да бидат добри, и сите заедно можеме да го подобриме општеството во кое живееме.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment