3Д кино во кинематографска пракса, е феномен долго познат во светот. Во кинематографијата, 3Д се појавило во 1950тите, но поради неочекувано лажно зголемување на цените, на овој феномен му дошло крај.

 

Во 80тите повторно се вратил, за денешнаната кинематографска форма да ужива огромен успех. Ова се прави поради гледачите, кои секогаш сакаат да сакаат нешто ново, спектакуларно, невообичаено и неверојатно.

Отворање на 3Д кино би можело да одговара во креирање на ново место за активна комуникација и социјализација помеѓу младите луѓе. Филмовите се уникатен производ на визија, приказна, парче сон за кој ние живееме.

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment