По предлог барањето на ученици од средните училишта апелираме да се обнови салата Партизан и да се реконструира дворот околу салата, како би можела да понуди подобри услови за младите што сакаат да ја посетат.

 

Имено, салата Партизан датира од пред 50тина години, каде свое учество во различни спортови имале генерации на Прилепчани. Во салата се одржувале и државни и меѓународни натпревари од различен карактер.

Салата „Партизан“ во Прилеп се наоѓа во самиот центар на градот. Таму, најчесто се одржувале тренинзи по гимнастика, пинг-понг, одбојка, како и многу други спортови од типот на мал фудбал, ракомет и кошарка. Големиот број на генерации кои се приврзани за оваа сала апелираат да се подобрат условите за да може да се врати стариот сјај, и повторно да се одржуваат натпревари за кои ќе се раскажува низ градот и чаршијата.

Во салата неопходни се и туш кабини и соблекувални, како и добар дел на реквизити како справи за вежбање, голови, мрежи, кошеви, помагала за гимнастика, душеци, но и топки за неколку спортови.

 

Коалиција на младински организации СЕГА од 01 април до 01 декември 2017 година го спроведува проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ чија цел е покренување на свеста за важноста на е-учеството на младите. Проектот предвидува серија на активности, промотивни настани, едукативни работилници за младите во Прилеп и разни алатки за поттикнување на младинското е-учество преку пишување на иницијативи кои подоцна ќе бидат доставени до Совет на млади во Прилеп и до Локална Самоуправа Прилеп. Под слоганот „Кликни, предложи и учествувај!“ ги покануваме младите да се вклучат, да ги напишат своите идеи, да коментираат на нив, да лајкуваат и најдобрите да се реализираат! Проектот „Prilep Youth voice in E-participation“ е поддржан од OPIN платформата преку програмата "EUth - Tools and Tips for Mobile and Digital Youth Participation in and across Europe”.

Leave a comment